Вести Најважни Свет

Трета ноќ по ред гранатирање на Киев, Зеленски со ново видео – Украинци не се предавам

Трета ноќ по ред продолжи гранатирањето на главниот украински град Киев. Експлозии се регистрирани утринава во  Киев, по неколкудневни тешки борби на периферијата додека руските трупи напредуваа кон градот. Истрели има и во близина на центарот на градот.

Украинската државна служба за итни случаи соопшти дека граната испукана од руските сили погодила станбена зграда во центарот на Киев.

Зградата се уште гори  утрово и има огромна штета – уништени се повеќе домови. Не е познат бројот на жртвите. Пожарникари им помагаат на повредените.

Украинскиот претседател Зеленски утрово објави уште едно видео од центарот на Киев.

„Има многу лажни информации на интернет дека ја повикувам нашата армија да го остави оружјето и дека има евакуација“, рече тој.

„Јас сум тука. Нема да го оставиме оружјето. Ние ќе ја браниме нашата држава бидејќи нашето оружје е нашата вистината“. Ја обвини Русија дека убиваат и цивили.

Претходно, рускиот претседател Путин ја повика Украина да се предаде, а Зеленски и неговите соработници ги нарече „зависници од дрога“.

Портпаролот на Зеленски соопшти дека украинскиот претседател ќе прифати да седне на маса за мирновни преговори и за прекин на огнот.

Синоќа Русија стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се осудува инвазијата на Украина. Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати беа воздржани од гласањето. По гласањето, 50 земји издадоа заедничка изјава во која се вели дека Русија ја злоупотребила својата моќ во блокирањето на резолуцијата.

Во меѓувреме, се натрупуваат санкциите.  САД и Канада објавија санкции за рускиот претседател Владимир Путин и рускиот министер за надворешни работи Лавров, придружувајќи им се на Европската унија и Велика Британија во тите потези. 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таравари: За излегување од Влада ќе одлучуваат партиските органи

Дејан Дејан

Мојсоска Блажески: Сакаме пазарна економија, а бараме државен интервенционизам

Дејан Дејан

Го гледаат како средство за коцкање – Талибанците забранија играње шах

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе