Вести Свет

Макрон: Војната во Украина ризикува враќање на империите

Во писмената порака испратена до двата дома на францускиот Парламент, која истовремено беше прочитана од Жерар Ларше, претседател на Сенатот, пред сенаторите и од Ричард Феран, претседател на Националното собрание, пред пратениците, францускиот претседател Емануел Макрон нагласува дека „војната во Украина означува голема геополитичка пресвртница и ризикува враќање на империите“.

„Оваа голема криза ќе има последици по нашите животи, нашата економија и нашата безбедност“, пишува Макрон и повикува: „да не попуштаме во основните должности на мирот и колективната безбедност“.

Тој потенцираше дека „санкциите преземени против Русија имаат долгорочно влијание“ и дека имаат „последици“.

Во обраќањето на Макрон напиша дека: „Должноста на Франција е трикратна“.

Првата се однесува на дополнителна економска помош од 300 милиони евра, што ќе им биде дадена на Украинците, бидејќи „мора да дејствуваме солидарно“. Тој, како што претходно денеска соопшти Жан-Ив Ле Дриан, кажа дека Франција е во контакт со украинските власти за да им ја обезбеди воената опрема што им е потребна.

На крај според него, „мора да ја заштитиме нашата безбедност, нашиот суверенитет. Ќе преземеме дополнителни обврски во рамките на НАТО за заштита на балтичката и романската територија“, посочи Макрон, нагласувајќи дека ќе биде неопходно да се заштити и од сајбер напади.

За потсетување, оваа исклучително ретка интервенција беше овозможена со член 18 од францускиот Устав. Тој предвидува дека „Претседателот на Републиката комуницира со двете собранија на Парламентот преку пораки што ги прочитал и кои не предизвикуваат никаква дебата“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе