Вести Свет

Зеленски: Наша задача е да не дозволиме новата челична завеса да падне на украинска територија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека украинската армија успешно ја брани земјата од руската агресија. Во ново телевизиско обраќање до нацијата, во кое Зеленски го смени црниот костим со воена униформа, борбите ги спореди со звукот на затворање на новата челична завеса и затворањето на Русија од цивилизираниот свет, и порача дека нивната задача е да не дозволат таа завеса да падне на украинска територија.

Зеленски тврди дека успешно ја забавиле руската инвазија во Донбас и регионот на Харков, но во моментов најпроблематична е ситуацијата во областа околу Керсон на југот од земјата, каде руските сили навлегоа од Крим и напредуваат на север.

Русите го заземале воениот аеродром Гостомел, кој се наоѓа на околу 40 километри од Киев, но падобранското слетување било блокирано, бидејќи украинската армија добила наредба да ги „уништи“ руските сили.

Украински воен функционер, кој претходно денеска изјави дека на аеродромот во тек се борби, изјави дека ситуацијата е „затегната“ и на југот на земјата, каде се водат битки за градовите Геническ, Скадовск и Чаплинка во Херсонската област во близина на црноморскиот полуостров Крим. Тој полуостров беше анектиран од Русија во 2014 година.

На северот од земјата, Зеленски тврди дека се водат жестоки борби околу Чернобил.

Украинскиот претседател исто така изјави дека ѝ нанеле тешки загуби на руската авијација и оклопна механизација, а исто така успеале да заробат и руски војници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: „65 до 70 проценти“ од целиот водоводен систем на Газа е оштетен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе