Вести Свет

Украина побарала воена помош од Белгија

Белгиската државната телевизија ВРТ обелодени дека Украина испратила барање до Белгија за воена опрема, но белгиската Влада не одговорила.

Според информациите на медиумот, Украина барала околу пет илјади шлемови, но и оружје и муниција уште пред неколку недели.

Од кабинетот на министерката за одбрана, Лидивин Дедондер, потврдија дека белгиската федерална Влада добила неформално, а потоа и формално, барање за воена помош, но дека министрите одлучиле во тој момент дека предност треба да се даде на дипломатијата и деескалацијата во конфликтот со Русија.

Белгија не одговорила ниту позитивно, ниту негативно, во меѓувреме пристигнало ново барање кое во моментов се разгледува.

Одлуката на Русија да ги признае сепаратистичките покраини Доњецк и Луганск би можела да влијае врз конечната одлука на Белгија за испорака на воена помош во Украина.

Белгија, исто така, сака претходно да се усогласи со европските партнери пред да одговори на барањето.

Министерката за одбрана на Белгија, исто така, не ја исклучи можноста да се испратат белгиски трупи во случај на „најлошо сценарио“, како што рече.

Секогаш сме подготвени за распоредување доколку е потребно, односно ако има едногласно барање од НАТО за распоредување на нашите сили, внатре во НАТО, за да ги одбраниме нашите сојузници. Не се наоѓаме во воена опција во Украина. За сега нема барање од воената команда на НАТО, рече Дедондер.

Во меѓувреме премиерот на Белгија, Александер Де Кро, го свика Советот за безбедност во два часот попладнево, седницата е речиси целосно посветена на ситуацијата во Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хезболах одбива разоружување додека Израел не се повлече од јужен Либан

Дејан Дејан

Десетици илјади шиитски муслимани маршираат кон Карбала за Ашура

Дејан Дејан

Израелски рабин се заклучи во кафез 50 часа во знак на протест за заложниците во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе