Декларацијата на бугарскиот Парламент е дел од преговарачката рамка. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Охрид соопшти дека на повидок е ново решение за спорот со Бугарија кое нема да значи само промена на Уставот со вклучување на бугарското малцинство во Македонија.
Мицкоски упати повик за мобилизација и широка поддршка од граѓаните да се спречи да се потпише решението кое ќе го понуди Владата.
Владата ги отфрла обвинувањата дека се преговара за идентитетот и јазикот.
Очекувањата на Владата се дека дијалогот со Софија на ниво на работни групи ќе се интензивира во наредниот период
Јулијана Пешевска