Вести Македонија Најважни

МАНУ со критики за преговорите со Бугарија

Барањето за отворање на Уставот и впишување на Бугарите во него ја разбранува Македонската академија на науките.

За дел од академиците промените се закана за зачувување на македонската нација, за други пак нешто што некој може да го бара од земјава, но на крај тоа сепак да биде наша одлука.

Инаку темата за промените на Уставот, денеска прв од говорницата на годишното собрание на МАНУ, ги отвори токму првиот човек на институцијата, Љупчо Коцарев.

Тој промените во Уставот, заедно со Договорот со Бугарија и Преспанскиот договор, во контекст на, како што се изрази, македонскиот опстој, ги оцени за извор на нестабилност во регионот.

Коцарев освен за промените на Уставот даде свој став и за барањето на Бугарија за бришење на „фашистички окупатор“ како услов за стартот на преговорите со ЕУ, велејќи дека Бугарија со тоа сака, не само да ревидира дел од историјата на македонската борба за ослободување, туку и да го ревидира самиот израз „фашистички окупатор“.

Академик Катица Ќулавкова дел од вината за ултиматумите кои ги добива земјава во интегративните процеси ги лоцира и во индиферентноста на МАНУ.

Инаку викендов бугарскиот премеир, Кирил Петков, преку интервју соопшти дека Македонија и Бугарија ќе и достава заеднички документ на Европската комисија, за чие исполнување гарант ќе биде токму Комисијата и преговарачката рамка на земјава со Унијата.

Едно од прашањата кое би влегло во преговарачката рамка ќе биде токму впишувањето на Бугарите во макеоднскиот Устав.

Шефот на македонската дипломатија потврдид ека Македонија сака преку сеопфатен документ да ги затвори отворените прашања со Бугарија, за кој ќе има и меѓународен гарант.

Откако пред десетина дена двете страни во Софија на техничко ниво ги отворија одговорите на барањата кои си ги доставија за затворање на политичките прашеа, следната средба на работната група меѓу македонското и бугарското МНР ќе се одржи во првата половина од март.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малиот Амр меѓу животот и смртта– симбол на страдањето на децата во Газа

Дејан Дејан

Хезболах одбива разоружување додека Израел не се повлече од јужен Либан

Дејан Дејан

Десетици илјади шиитски муслимани маршираат кон Карбала за Ашура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе