Вести Свет

Изјавата на рускиот политичар кој пред два месеци рече „чекајте го 22 февруари“ собори рекорди на социјалните мрежи

Очите на украинската криза се вперени во Кремљ со недели. Очекуваниот чекор од московската администрација дојде вчера вечер.

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој се признава таканареченото владеење на проруските сепаратисти во источна Украина.

На социјалните мрежи почна да се споделува говор на Владимир Жириновски, лидерот на руската Либерално-демократска партија.

Во својот говор на 27 декември, Жириновски му се обрати на Западот и истакна дека Москва треба да ги прифати нејзините предлози.

Во спротивно, „ќе дознаете за нашиот распоред на 22 февруари во 4 часот наутро“, рече рускиот политичар.

Со оваа изјава повторно на дневен ред, се толкува дека Жириновски пред месеци ги знаел можните чекори што Путин ќе ги преземе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум пожари на отворен простор евидентирани во земјата – четири сè уште активни

Дејан Дејан

Јакимовски: Да воведеме и данок на купени дипломи и изгубени премиери?

Дејан Дејан

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе