Вести Свет

Огномети за славење и жртви за оплакување, вакава е денешната слика во Донбас

Огномети за славење и жртви за оплакување, вакава е денешната слика во Донбас. Двајца украински војници загинаа, а уште 18 се повредени во гранатирање во источна Украина, објавија украсинските воени сили. Артињљрискиот оган и минофрлачките ракети се интензивираше по потезите на Москва да обезбеди контрола врз регионите Доњецк и Луганск. Според Здружените сили на операција 64 оружени инциденти го прекршиле мировсниот договор од Минск.

„Како резултат на гранатирањето, за жал, двајца украински војници загинаа, а 18 беа ранети во акција. Тие во моментов се на лекување во медицински установи“, рече Павло Ковалчук, раководител на Здружените сили на операција.

Извикувајќи „Русија, Русија“ некои граѓани со огномети на улиците го прославија призвањето на независноста на Доњецк и Луганск од руска стрна.

„Ова е уште една тула на патот што го градиме од 2014 година, патот кон Руската Федерација. И нема да бидеме изненадени ако за краток временски период, по ова признавање Донбас да стане полноправна членка на нејзината голема историска татковина – Русија“ , изјави Алексеј Муратов, шеф на Извршниот комитет на Доњецк.

„Вака ќе им кажам на моите деца, кои ги имам во изобилство, бидејќи се обидувам да се сеќавам на овој момент. Не можам да ги искажам сите емоции со зборови. Среќен сум, среќен сум“, вели Андреј, жител на Доњецк.

Куќи без покриви, уништени уличишта и домови, ова се последиците од бомбардирањето во Доњецк, каде забрзано се одвива евакуацијата на населението. Во градот останаа само постарите, училиштето е сосема празно.

„Навистина е опасно да се остане овде, а звукот на артилеријата и експлозиите продолжија изминатите две ноќи. Вака не беше долго време. Првото нешто, се разбира, е да се осигура безбедноста на децата. Некои ученици се евакуирани со нивните семејства. Наставниците се уште ги утврдуваат бројките, а околу 30 отсто од учениците си заминаа“  – вели Ина Александровна, од средно училиште во Доњецк.

„Само ние сме, тука остануваат еден куп нервозни баби кои имаат скоро 80 години. Никој друг не останува овде и сите си заминаа. Син ми дојде овде да ме замоли да си одам и јас реков „не“, не сакам да одам каде било, само сакам да останам дома“, рече Нина, локален жител

Можевте да го слушнете гранатирањето цела ноќ. Беше страшно. Имаше звуци на гранатирање во 3:00 и 12:00 часот среде ноќ. Но никој случај јас не си одам.

По конфликтот во 2014 кој беше завршпен со потпишување на мировните договори во Минс, регионот Домбас добива континуирана руска поддршка, а околу 60% од граѓаните веќе имаат и руски пасоши.

Билјана Ставрова 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Интервју со Гуалано де Годој: Македонија е првата земја во Западниот Балкан која ги разреши сите преостанати случаи на лица без државјанство

Дејан Дејан

Домашен притвор за возачот кој усмрти пешак и избега- 9 пешаци загинале во Македонија од почетокот на годината, од Нова Година ќе се „пали“ Сејф сити

Дејан Дејан

Ова не е „буцни прачка напиј се вино“ процес, Тошковски со народна поговорка за истрагите за чаирските дивоградби

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе