Вести Македонија Топ вести

Дел од решението со Бугарија сепак ќе стане дел и од преговарачката рамка за Македонија

Со нов договор меѓу Македонија и Бугарија ќе се затвораат политичките прашања меѓу двете земји, а некои од нив ќе влезат и во преговарачката рамка на Македонија со Европската унија. Документот, како што  вели шефот на дипломатиија, Бујар Османи, ќе биде дел од протоколите на Договорот за добрососедство со Бугарија.  Земјава, вели Османи не сака парцијално да ги решава отворените прашња со Бугарија туку да ги затвори со еден сеопфатен документ, кој ќе има и меѓународен гарант за негово исполнување.

„Каде што ќе с естават сите елеметни важни за сите сттрани и каде ќе се заокружи ова прашање. Тоа мислам дека ни гарантира нам дека дена да има отворање на нови прашања или дека ќе има исполнување асиметрично од едната или од другата страна. Меѓутоа, тоа се прашања кои што се разговараат во моментот и по однос на содржината и по однос на формата“, изјави Османи.

За најавата на бугарскиот премиер, Кирил Петков дека дел од решенијата за кои се преговара ќе станат и дел од преговарачката рамка за земјава за членство во ЕУ, при што тој конкретно го посочи прашањето на впишувањето на Бугарите во македонскиот Устав, Османи рече дека во моментов се преговара за тоа што може да биде прифатливо за секоја од страните, но без да открие кои се конкретните точки.

„Се додека не се договори се и се не се стави на хартија, и се обврзат двете страни по однос на сите тие аспекти и за тоа да има одредена меѓународна гаранција, не би кажал дека било што во овој период имаме договорено. Но, да, имаме ставови по однос на прашања кои сме и ги кажале на бугарската страна, што би можело да биде прифатливо, а за што не може да се разговара и да биде прифатливо“, вели Османи.

Османи притоа нагласува дека вметнувањето на билатерлните прашања во преговарачката рамка зависи и од 27-те земји членки, особено што некои од нив се противат на билатерализација на процесот на преговори, но на крај и од земјава која исто така треба да ја прифати понудената преговарачка рамка.

Тамара Грнчароска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе