Вести Свет Топ вести

За 24 часа над 80 прекршувања на примирјето во Украина, можна средба Бајден – Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон сепак успеал да ги убеди Бајден и Путин да се сретнат и да разговараат за украинската криза. Условот е дотогаш Русија да не изврши напад врз Украина. Конкретни датуми за средбата нема, но секако нема да се одржи пред четврток кога ќе разговараат американскиот државен секретар Блинкен и рускиот прв дипломат Лавров. Сепак, од Кремљ велат дека е прерано за конкретни планови за организација на некаков самит меѓу светските лидери. Иако велат дека остануваат отворени за дијалогот. За Вашингтон дипломатијата се уште е жива, а Путин се уште има време да се повлече.

Продолжуваме да се обидуваме да изградиме сè што можеме за да го одвратиме од курсот на кој сега е поставен и до последен момент, сè уште постои опција тој да се повлече. Тоа е она што се обидуваме да го направиме. Се обидуваме да спречиме војна, веднаш што ги активираме санкциите. Секако, секој ефект на повлекување што го носат санкциите можеби веќе го нема. Путин ги апсорбира, и си продолжува понатаму, изјави ЕНТОНИ БЛИНКЕН, ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР НА САД

Состаноци на сите можни нивоа и разговори поддржува и ЕУ. Се само да се избегне војната. Ако толку се убедени дека ќе нападнат, нека им ги воведат санкциите, бара украинскиот претседател Зеленски, но Вашингтон сепак е воздржан. Смета дека санкциите само би довеле до влошување на состојбата и неизбежен напад. Русија веќе составила листа на Украинци кои ќе бидат елиминирани или приведени, јавуваат американските медиуми. Но, ова го демантира Москва, а Путин веќе свикал Совет за безбедност со кој денеска ќе претседава.

На истокот од Украина не престануваат пукотниците. Дел од оние кои можеа веќе избегаа од домовите, но цивилите кои остануваат продолжуваат со воената обука.

  • Имам семејство и деца. Ако не ги заштитам моите деца, кој ќе го стори тоа ?

Но, најтешко е во пограничните села. Војната тука одамна е почната. Изминатата ноќ жителите на доњецкото село Новогнативка се симнаа во скирвниците, слушајќи го гранатирањето. 16 куќи се уништени , денеска нема струја, ниту гас. За овие луѓе бегството од домот е губење на се што создале. Ги молат сите да се договорат и да престанат пукотниците.

Полошо е од 2014-та. Тогаш помалку пукаа. А сега секој ден се пука кон нас. На работ на нервен слом сме, а нема каде да бегаме. Разбирате? Запрете ја војната. Кажете им на Зеленски и Путин да го запрат ова. Не можам веќе вака да живеам, вели ЕКАТЕРИНА ЕВСЕЕВА (60) ЖИТЕЛ НА НОВОГНАТИВКА

 

Само гледам експлозии, уиштување. Не знам кој пука на нас, не сум специјалист, не го знам тоа, но не можам веќе…чесен збор не можам…, вели НАДЕЖДА МАНХА, 54 – жител на новогнативка

Во изминатите 24 часа, имало 80 прекршувања на примирјето во Украина од страна на руската војска. За пет дена се уништени 44 домови, 4 училишта и пет институции. Повредени се над десет цивили.

Алиса Шутинсока

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе