Вести Македонија Топ вести

И странски автобуси со шофери од Македонија крстарат низ Европа без потребна документација-на Табановце откриени 4 автобуси кои немале соодветни документи за меѓународен сообраќај

МВР соопшти дека на 19.02.2022 (сабота), од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и од Одделението за прекуграничен криминал Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север била извршена контрола на четири автобуси и две патнички возила кои вршеле меѓународен превоз на патници.

-При контрола на автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од С.Б.(43) од Прилеп, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.Л. од с.Челопек, тетовско, автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(63) од Скопје и С.Т.(52) од с.Горно Косоврасти, дебарско и автобус со данска национална ознака, управуван од Р.С.(42) и Ш.И.(52), двајцата од с.Нераште, општина Теарце, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација, соопшти полицијата.

Граничните полицајци при контрола во патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.М.(25) од Струмица и патничко возило – комби „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(37) од Скопје било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

Зголемени контроли на автобуси во меѓународниот автобуски сообраќај од Македонија започнаа по трагедијата со Беса транс во Бугарија кога беше утврдено дека автобусот во кој загинаа 45 луѓе (од нив 12 деца) без потребна документација поминал на граница над 130 пати. За откриените фалсификати досега нема обвинение и судски процес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе