Вести Свет Топ вести

Британската кралица има корона

Британската кралица Елизабета е позитивна на Ковид-19 и има благи симптоми на болеста, но верува дека ќе продолжи со полесни обврски во текот на наредната недела, соопшти Бакингемската палата.

Таа се разболе откако беше потврдено дека е во директен контакт со нејзиниот најстар син, принцот од Велс, во неделата кога тој беше заразен со коронавирус. Информацијата беше објавена само неколку недели откако најдолгиот владетел на една земја го одбележа историскиот платинест јубилеј на 6 февруари – 70 години на тронот.

Во соопштението, Бакингемската палата „потврдува дека кралицата добила позитивен тест за ковид во неделата.„Нејзиното височество има благи симптоми слични на настинка, но очекува да продолжи со полесни обврски во Виндзор следната недела. Таа ќе остане под медицински надзор и ќе се придржува на сите упатства“, информриаат од Бакингемската палата.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе