Вести Македонија Топ вести

Доколку ССМ протестира, СОНК нема да ги поддржи

Доколку ССМ одржи протест за Законот за наставници,СОНК нема да учествува.  Синдикатите се поделени за ова прашање и имаат различни видувања за законското решение околу кое партиите со месеци се расправаат во Собранието.  За Прогресивниот синдикат на образованието, ова е добар закон и ќе овозможи зголемување на платите на наставниците и ќе значи сигурност на  работните места на 4700 нивни колеги.За нив е прифатлива и оредбата што предвидува вработување на неопределено време без приправнички стаж.

Од овој синдикат сметаат и дека е  подобро некакво зголемување на платите отколку никакво, како што може да произлезе со тензиите во Собранието. Затоа и ги повикаа сите наставници што немаат решен работен статус да им се придружат во синдикалната борба и со граѓанска непослушност да го блокираат влезот во собранискиот паркинг.Времето на одржување на протестот не е прецизирано и ќе зависи од случувањата на собраниската комисија.

Но, кога и да се случи протестот, СОНК нема да им се приклучат.

Од СОНК тврдат и дека, со законот не се предвидува покачување на платите, односно, стои дека тие ќе се покачуваат со покачувањето на минималната плата, но ова мора да се доуреди со колективниот договор, а за нешто такво нема најава. Без скалесто покачување на платите, сметаат дека, овој закон всушност ќе ги бетонира платите на наставниците. Не веруваат ниту во бројката од 4700 наставници кои се со нерешен статус.

Овој закон бил на расправа во СОНК, дале забелешки, но најголемиот дел не им биле прифатени. За нив е дискутабилно и првото вработување на наставникот да биде на неопределено време,  без положен стручен испит и приправнички стаж, односно без можност работодавачот да има можност да го процени неговиот квалитет.

Законот за наставници и стручни соработници е во собраниска процедура од мај минатата година., но суштинската расправа уште не е ни почната.

Далиборка Дамјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе