„Се прават популарни ветувања за помали и поголеми зголемувања, но на крајот на денот наместо да се најде заеднички јазик наставниците не добиваат ништо“, соопштија од ССМ.
Според нив, не станува збор само за зголемувањето на платата, сегашната верзија на Законот за наставници и стручни соработници значи и сигурност на работните места за над 4.700 лица.
„Наставниците коишто немаат решен работен статус се лесна мета за партиските каравани, што го руши достоинството на професијата. Тоа мора да престане“, велат од ССМ.
„Ги повикуваме сите наставници коишто немаат решен работен статус да ни се придружат во синдикалната борба и со граѓанска непослушност да го блокираме влезот во собранискиот паркинг“, додаваат од ССМ