Вести Македонија Топ вести

Законот за легализација на дивоградби во Собрание ја чека Надзорната расправа што ја побарале од ДОМ

Новиот Закон за дивоградби повторно заглавен во собраниска процедура. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при денешниот увид во градежните работи на брана на река Отиња во Штип потврди дека Законот е доставен во Собрание и сега на потег се пратениците. Законот за кој јавноста имаше остри реакции  и побара дебата, во два наврати се коригираше, беа вклучени експерти и  еснафските здруженија, ги помина сите постапки. Министерот Бочварски сега очекува да го повикаат и да дебатираат за оваа законско решение, кое го чекаат граѓаните, но и државните и локални институции за легализација на патишта, училишта, далноводи.

Претседателот на собраниската Комисија за транспорт и врски, Владо Мисајловски за Телма потврди дека Законот пристигнал до нивната комисија, но  пратеничката од ДОМ, Маја Морачанин побарала Надзорна расправа за Законот за дивоградби. Мисајловски вели дека иницијативата ја чека од Морачанин, по што ќе почне посебната процедура и ќе бидат повикани повторно и експерти, здруженија за да дадат свое мислење. Тоа значи дека овој закон наскоро и нема да биде донесен. Побаравме одговори од пратеничката  Морачанин, кога ќе ја достави иницијативата и зошто побарала надзорна расправа, во телефонска порака  одговори дека денеска не може да одговори на прашањата поради службени обврски.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе