Вести Најважни Свет

Евакуација и мобилизација во Доњецк, Русија тренира „војна“ на границата, Бајден очекува напад на Киев и Украина

Ситуацијата во источна Украина се разгоруваа. Водачите на бунтовниците во Доњецк и Луганск се подготвуваат за војна. Нова жртва е украински војник во експлозија од гранати кои паѓаат во огромен број. Цивилите ги полнат возовите и камионите и продолжуваат да се евакуираат длабоко во територијата на соседна Русија, а бунтовцните од истокот на земјата од денеска масовно се фаќаат за оружје. Нè погодија со минофрлачи, противтенковски ракетни системи, тешки митралези, артилерија. пука од тенкови, а народната милиција го кочи непријателот со возвратен оган вели во видео обраќањето воениот лидер на сепаратистите Денис Пашулин кој нареди мобилзиација на сите военоспособни жители.

„Ги повикувам сограѓаните кои се во резерва да дојдат во воените комесаријат.Денеска потпишав указ за општа мобилизација. Апелирам до сите мажи во Републиката кои се способни да држат оружје во раце, да застанат во одбрана на своите семејства, своите деца, сопруги, мајки. Заедно ќе ја постигнеме посакуваната и потребната победа за сите нас. Ќе го заштитиме Донбас и целиот руски народ“ –  порача Пашулин во видео обраќањето на официјалната страница на Доњец

На тензиите им нема крај. Вчера лидерите на двете самопрогласени независни области Луганск и Доњецк во Украина повикаа на евакуација на населението, изјавувајќи дека Украина го засилила гранатирањето и планира напад, а дека „мириса“ на војна стравува и американскиот претседател Џо Бајден. Русија ќе нападне деневиве и тоа прво врз Киев, соопшти Бајден иако очекува конфликтот да се избегне со средбата на 24 февруари меѓу државниот секретар на САД и министерот за надворешни на Русија, Лавров.

„Но, ако Русија преземе воена акција пред тој датум, ќе ни биде јасно дека тие ѝ ја затвораат вратата на дипломатијата. Тие имаат избор, ќе одберат војна и ќе платат голема цена за тоа, не само од санкциите што ние и нашите сојузници ќе ги воведеме кон Русија, туку и од моралниот гнев што остатокот од светот ќе го насочи кон нив“ – изјави американскиот претседател Џо Бајдел.

Додека западните лидери апелираат, Русија започна стратешка воена вежба на границата со Украина. Нејасно е дали Русија ги слуша пораките на западот, и последните апели од минхнеската конференција ан светските лидери  бидејќи синоќа ја прекинаа воената вежба но само со мала пауза, бидејќи од понеделник одново продолжуваат со воени тренинзи. Додека Истокот на земјата се претвора во „буре со барут“, граѓаните на Киев загрижени не сакааат војна.

„Објективно гледано, оваа ситуација е загрижувачка. Ги следам вестите. Мислам дека не само јас ги следам вестите, туку и сите ги следат. Ситуацијата не додава оптимизам, особено ако се земе предвид последната ескалација што се случува на истокот. Изгледа тоа е исполнување на прелиминарно, подготвено сценарио. Значи, ситуацијата не е мирна“ – вели Олександар, жител на Киев.

 

„Мислам дека вештачки се создава пропаганда, ние сме за мир во целиот свет“ – рече Викторија, жителка на Киев.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Зеленски во Минхен на конференцијата на лидерите се најде во фокусот заради можниот руско- украински воен конфликт.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе