Рускиот претседател Владимир Путин потпиша Указ за обука на армиските резервисти во Русија. Указот е потпишан во доцните часови на 18-ти февруари, после цел ден исполнет со спротивставени информации и обвинувања меѓу Русија и сепаратистите во источна Украина од една страна и Украина и западните земји, пред се САД, од другата страна.
-Ги повикуваме, во 2022-ра година, сите државјани на Руската Федерација кои се во резервниот состав да ја поминат воената обука во Вооружениет сили на РФ, во државните служби на безбедност и во Федеаралната служба на безбедност, наведенео е во Указот на Путин.
Со Указот владата е задолжена да обезбеди сместување и логистика за резервистите кои ќе стигнат на обуката.
Русија го обвинува западот за дезинформации поврзани со украинската криза, додека тврди дека Украина подготвува офанзива врз деловите на источна Украина (околу градовите Луганск и Доњецк) и постојано напаѓа поради што е отпочната евакуација на 700.000 жители од таа област во Русија.
Украина и САД пак тврдат дека станува збор за пропагандни лаги и дека Русија бара начин за да предизвика и отпочне напад врз Украина.
Амриканскиот претседател Џо Бајден на последниот брифинг со новинарите во Белата куќа изјави дека е сигурен оти Путин ја донел одлуката за напад на Украина во наредните денови или недели, а тој заклучок го темели на оценката дека САД „има значајни разузнавачки способности“.