Во Собранието, уште еден неуспешен обид да се стави во функција Комисијата за образование.
Претседателката Жаклина Лазаревска се обиде да ја продолжи седницата што почна уште во мај минатата година, но пратениците од ВМРО ДПМНЕ тврдат дека дневниот ред не е донесен и бараат прво да се исцрпат процедуралните забелешки.
Комисијата треба да разгледува закон околу кој цела година се води политичка битка.
Власта предлага трајно вработување на 4 илјади и 700 наставници кои работат на одредено време, зголемување на нивните плати и додатоците.
ВМРО ДПМНЕ смета дека се работи за вдомување „партиски војници“ и достави идентичен но дополнет предлог закон.
Опозицијата тврди дека се бори за потолеми плати во оваа дејност, за 45 илјади наместо 25 илјади денари плата.
Соња Николовска