Вести Македонија Најважни

Средба Ковачевски- Мицотакис на маргините на безбедносната конференција во Минхен

Премиерите на Северна Македонија и Грција, Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис попладне ќе имаат средба во Минхен на маргините на Конференцијата за безбедност, што впрочем ќе биде и прва нивна средба.

Од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека Мицотакис во текот на денешниот ден ќе оствари низа средби меѓу кои и со премиерите на Северна Македонија и на Албанија, со претседателката на Косово, со вицепремиерот на Израел итн.

Владината делегација на Северна Македонија на 58-та Минхенска конференција за безбедност што ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, ја сочинуваат заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Од прес службата на Владата соопштија дека за време на тридневната работа на конференцијата ќе учествуваат на повеќе централни и придружни настани во рамките на конференциската агенда, како и на повеќе заеднички и одделни билатерални средби.

Ковачевски и Мицотакис, на 31 јануари имаа телефонскиот разговор, а според соопштенијата од нивните кабинети, двајцата премиери се согласиле дека односите меѓу двете земји се на одлично ниво и дека ќе продолжи да се гради и зајакнува партнерството, ја констатирале взаемната волја за зајакнување на билатерални односи и билатералната соработка, со акцент на економскиот и трговскиот сектор и се договориле да се сретнат на маргините на Делфи Форумот во Грција на почетокот на април.

Сепак, нивната прва билатерална средба, доаѓа речиси два месеца порано.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Русија се нуди да го преземе збогатениот ураниум од Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе