Вести Македонија Најважни

За 48 часа повлечен предлогот Бесмира Ејупи да биде генерален конзул во Њујорк

Дипломатската кариера во најава на 28-годишната телевизиска презентерка Бесмира Ејупи траеше цели за 48 часа, од една до друга затворена седница на влада, на кои, на таа пред два дена беше потврдена како кандидат за генерален конзул во Њујорк – Њу Џерси, до денешната сендица на која нејзиното име сепак било тргнато од списокот идни дипломати. Притисокот на јавноста дека таа нема доволно квалификации и не ги исполнува критериумите според Законот за надворешни работи за оваа позициија, ја принуди власта да отстапи од одлуката, а официјалната реакција која уследи 24 часа по избивањето на сканадалот, се сведува на тврдење дека медиумите имале нецелосни информаци.

На директното прашање премиерот Димитар Ковачевски, но и првиот вицепремиер, Артан Груби дали Ејупи била кандидат за генерален конзул новинарите одговорот кој го добија не беше директен.

„Во Њујорк поточно во Њу Џерси Македнија има конзул кој што е дипломат од кариера, г-динот Јордан Панев, кој што е таму на должност и не се планира негово предвремено повлекување од конзулатот. За ова имаше и соопштение од МНР“, изјави Ковачевски

– Дали имаше такот предлог?

„Кога?“, праша Груби.

– Пред два дена за Бесмира Ејупи?

„Не, грешка ви е информацијата. Значи имате информациија од МНР, си продолжува генералниот конзул кој што е именуван“, одговори Груби.

Груби сепак потврди дека тој денеска заседавал со затворената седница, но не кажа за што била таа, повторувајќи до новинарите дека немаат точна информација.

А соопштението од МНР на кое се повикаа и Ковачевски и Груби беше лиферувано утрово, во кое не се споменува кандидатурата на Ејупи, но се наведува дека генералниот конзулат во Њујорк – Њу Џерси – тотова е пополнет. Рекацијата од МНР, како што е наведено, е дадено поради бројните објавени нецелосни информации околу исптаќање на дипломати во мисии.

„Република Северна Македонија во моментов има Генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи. Во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена“, се наведува во реакцијата од МНР.

За предлогот Ејупи да биде упатена за генерален конзул, реагираше и Макеоднскиот дипломатски синдикат. Тие побараа да престане со вакви кандидати да се омаловажува дипломатската професија.

„Луѓе кои немаат професионално искуство релевантно за дипломатијата, а тоа е нешто што со години се случува, работи на самодеструкција на дипломатската служба и на МНР. Огромно искуство, професионално и соодветно образование  Е ПОТРЕБНО, но пред се искуство во конзуларните работи за да, еве и јас самиот, би се осмелил да застанам на место на генерален конзул“, изјави Дабиќ.

Инаку Бесмира Ејупи која има завшрено правен факултет на Универзитеот на ЈИЕ во својата биографија од работно искуство има наведено само дека била презентерка во четири телевизии. Законот за надворешни работи пак предвидува доколку за генерален конзул за назначува лице кое не е доаѓа од редовите на професионалните дипломати тоа да биде афирмирано во областа на надворешната политика и меѓународните односи. Освен тоа Законот предвидува и меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик, и сертификат за познавање на втор јазик различен од англсикиот, а кој е во употреба во ОН или ЕУ. За генерален конзул потребно е поседување и на безбедносен сертификат.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Русија се нуди да го преземе збогатениот ураниум од Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе