Во однос на одлуката на судот во Стразбур за повлекувањето на аболицијата од Ѓорге Иванов, министерот за правда Никола Тупанчевски нагласи дека Република Северна Македонија дефинитивно го дала својот максимум во одбрана на ставовите.
– Ова е спор што се води и се уште нема епилог во која насока ќе се движи. Одлуката се уште не е донесена и треба да почекаме ЕСЧП да се произнесе. Одлуките на Европскиот суд за човекови права се составен дел од нашата регулатива и треба да бидеме подотвени на се, односно да бидеме внимателни, рече Тупанчевски во емисијата Вин Вин на Телма.
Иванов ја потпиша аболицијата во април 2016-та кога почнаа истрагите на СЈО за тогашни актуелни функционери. Масовната аболиција, некои од осомничените добија и по 10- на претседателски ослободувања пд кривично гонење за злоупотреба на положбата и на пари од Буџетот, предизвика протести кои потоа прераснаа во Шарената револуција.
Иако аболицијата беше оспорувана поради употреба на членови од Законот за помилување кои претходно поништени со законски измени кои пак беа поништени од Уставниот суд, тоа масовно помилување на функционери од власт се уште се повикува при судски постапки подигнати од политичарите.
Голем дел од аболицираните потоа со нова законска промена бараа да им се укине помилувањето на Иванов, но адвокати на обвинетите кои биле аболицирани отворија постапка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. ЕСЧП ќе ја донесе конечната одлука за валидноста на аболицијата на Иванов.
Посочи дека се работи на нов Закон за помилување, на којшто уште додека раководел со работната група во состав на Министерството за правда пред да стане министер, биле воспоставени маргините како да не се остави простор да биде погрешно толкуван или некоја одредба да му даде преголема екстензија на претседателот, односно министерот или другите субјекти.