Вести Економија Македонија Најважни

УПОЗ: Ако нема скалесто покачување на платите – ќе има штрајк

Или скалесто покачување на сите плати за тие да се усогласат со минималецот или штрајк. По извојуваната битка како што рекоа за минималец од 18.000 денари синдикатите деновиве отворија нова – бараат државата да го почитува законот и сите плати да пораснат како што ќе расте минималецот.

Откако вчера СОНК се закани со штрајк- ССМ со барање за кривична одговорност за сите работодавачи кои не го почитуваат законот- денеска излезе и синдикатот на УПОЗ.

Велат ако скалесто не се зголемат останатите плати во администрацијата и правосудството- ќе дојде до колапс  на системот на плати. Или 4 категории работници едните со средно, другите со високо образование – ќе земаат минималец.

Предупредуваат дека ако до април не се реши проблемот, ќе има протести или штрајк.

 “Со новата вредност на минималната плата владата за прв пат во историјата на Македонија ќе направи цела група на вработени во администрацијата  кои до сега беа барем малку над минималната плата сега да примаат само минимална плата. Со самото тоа владата ги омаловажува и понижува своите вработени и второ го зголемува процентот на вработени кои примаат минимална плата на државно ниво од 13,8 на скоро 18 проценти” – вели претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Од синдикатот реагираат дека државата сама не ги почитува законите. Од 5.000 до 8.000 вработени во администрацијата до сега земале плата пониска од минималецот-или 14.500 денари наместо 15.200.

Велат реагирале до сите – но проблемот не е решен.

Уште почудно е што УЈП дозволува М-ПИН да помине со плата под минимална плата. Како може тоа да се случи. А се соочуваат со закани верувајте дека се соочуваат, за секоја тужба дали министер дали градоначалник ја сфаќа лично. Зошто мене ме тужиш? Не ги тужиме, ни министрите ни директорите, ни градоначалниците. Ние ја тужиме државата, односно институцијата и си ги бараме правата односно парите. Меѓутоа заканите следуваат, дека доколку се тужи ќе има реперкусии, вели Деаноски.

Бараат владата заедно со измената на законот за минимална плата во скратена постапка да направи измени и на посебните закони кои ги регулираат платите на вработените во администрацијата и правосудството.

Инаку зголемувањето на минималецот утре ќе се најде пред пратениците. Со законските измени од март на околу 80.000 работници  платата не смее да им биде пониска од 18.000 денари.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој ќе го наследи Мустафа во Судски?

Дејан Дејан

Полесни услови за полициски директор и началници, повторно се брише полициска станица Бит Пазар- предлог законот стигна во Собрание

Дејан Дејан

Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе