Владан Симоновиќ (актер Драган Бјелогрлиќ) е „нападнат“ од најблиското опкружување, но не знае кој е тој што соработува со обвинителството. Балша (го глуми Марко Бачовиќ) привидно останува на негова страна и интензивно го бара кртот во Сигма.
Опасноста е во тоа што на местото на обвинителката Јована поради нејзините проблеми, предметот „Сигма“ е доделен на нов обвинител, Мишиќ, а во негови раце е и сведокот од внатрешниот круг соработници на Владан.
Откако во близина на Владан е убиен уште уште еден стар пријател и партнер (Мирчев во изведба на Светозар Цветковиќ), полицијата се сомнева во „тајкун“-от но нема траги кои би го поврзале со 4 убиства на негови партнери кои можат да сведочат против него. Последна во низата е Вера која пред смртта е соочена со прашањето на Бојан, дали „тајкунот“ е негов татко.
Синот Бојан влегува во отворен конфликт со таткото Владан затоа што сите негови бизнис планови не се прифатени од постариот Симоновиќ. Се подготвува нова забава, но дали и таа ќе заврши со нов обид за ликвидација на „Тајкун“-от кој веќе двапати се спаси од атентаторите.
Новата епизода на „Тајкун“ е во четврток (10.02.2022.) на Телма во 22:10.