Магазин Серии

По најкрвавата епизода следува потрага по соработникот на обвинителството против „Тајкун“: Во 8-ма епизода по крвавите траги на злосторствата тргнува нов обвинител

Владан Симоновиќ (актер Драган Бјелогрлиќ) е „нападнат“ од најблиското опкружување, но не знае кој е тој што соработува со обвинителството. Балша (го глуми Марко Бачовиќ) привидно останува на негова страна и интензивно го бара кртот во Сигма.

Опасноста е во тоа што на местото на обвинителката Јована поради нејзините проблеми, предметот „Сигма“ е доделен на нов обвинител, Мишиќ, а во негови раце е и сведокот од внатрешниот круг соработници на Владан.

Откако во близина на Владан е убиен уште уште еден стар пријател и партнер (Мирчев во изведба на Светозар Цветковиќ), полицијата се сомнева во „тајкун“-от но нема траги кои би го поврзале со 4 убиства на негови партнери кои можат да сведочат против него. Последна во низата е Вера која пред смртта е соочена со прашањето на Бојан, дали „тајкунот“ е негов татко.

Синот Бојан влегува во отворен конфликт со таткото Владан затоа што сите негови бизнис планови не се прифатени од постариот Симоновиќ. Се подготвува нова забава, но дали и таа ќе заврши со нов обид за ликвидација на „Тајкун“-от кој веќе двапати се спаси од атентаторите.

Новата епизода на „Тајкун“ е во четврток (10.02.2022.) на Телма во 22:10.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Свадбата на Безос и Санчез во сенка на протестите во Венеција

Дејан Дејан

ЗАСТАНИ И ЗАПАЛИ СЕ – од понеделник до петок во 20:30

Дејан Дејан

ЗАЛИВОТ – од понеделник до четврток во 22:15

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе