Економија Најважни

Работодавачите кои нема да ги усогласат останатите плати со порастот на минималната, прават кривично дело-реагираат синдикатите

Еуфорично и со аплауз, вака вчера беше соопштен договорот меѓу владата, синдикатите и работодавачите минималната плата за 80.000 работници во земјaва од март годинава да се зголеми од сегашните 15.200 на 18.000 денари. Но, уште страстите неспласнати се разгоре битката за усогласување и на останатите плати со порастот на минималецот. Синдикалците се децидни дека работодавачите и од приватниот и од државниот сектор ќе мора да го одврзат ќесето и да ги покачат и другите плати. Велат има кривична одговорност ако не го почитуваат законот.

Сите останати плати согласно Законот за минимална плата член 8 мора скалесто да растат или да се усогласуваат со зголемувањето на минималанта плата. Доколку не се случи тоа, а е законско решение, јас верувам дека тука се прави кривично дело, бидејќи се кријат даноци по основ на придонеси за зголемување на останатите плати. Значи апелирам до дите работодавачи, без разлика дали се од приватен, или јавен сектор, до доследно почитување на скалестото зголемување на сите останати плати, вели претседателот на ССМ Дарко Димовски.

СОНК пак се заканува дека ќе има генерален штрајк ако не се зголемат останатите плати. Велат со растот на минималната на 18.000 денари ќе се случи класична „урамниловка“ десет групи на работници во градинките меѓу кои и негувателките ќе земаат иста плата – минимална.

Тоа е таа „урамниловка“. Во основно и средно образование имаме во пет групи, или категории на работни места, кои исто така се со различни коефициенти, а сега ќе се изедначат и ќе земаат плата од 18.000 денари. Значи дефинитивно ова е спротивно на закон, и на колективен договор, и на меѓународни конвенции кои што го третираат овој проблем, вели претседателот на СОНК Јаким Неделков.

Од владата потврдуваат дека со растот на минималецот и другите плати мора да се зголемат. Велат секогаш тоа било законски покриено со  членот 8 од Законот за минимална плата.

Веќе и од претходната година соодветните законски решенија се поднесени во Собрание и таму се планирани средства- како примерот со образование, за да се постигне усогласувањето. Тоа е процес.- вели Битиќи, рече вицепремиерот Битиќи.

По два неуспешни обиди вчера падна договор минималецот годинава да изнесува 18.000 денари. Владата понудила државна помош за работодавачите за ова покачување. Сите граѓани со 16 милиони евра од државниот буџет ќе ги покријат трошоците за придонесите од покачувањето.

Ребаланс на буџетот нема да има туку парите ќе се црпат со пренамена од други ставки од државната каса. Промена ќе има и во методологијата за пресметка на минималецот. Сега тој ќе се усогласува со 50 проценти од растот на трошоците на живот и просечната плата, и нема да смее да биде понизок од 57 проценти од просекот.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Неизвесно е што ќе се случува со каматните стапки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе