Вести Култура

Уметничката акција „Допри ме“ во Скопје посветена на малечката Ембла

Уметничката акција „Допри ме“, што денеска ја спроведува Центар за современи уметности во центарот на Скопје, ја посветија на малечката Ембла, чие што отфрлање од средината, пред очите на јавноста, уште еднаш не потсети на нетолерантноста на сите нас кон се она што е различно.

„Овој случај мора да не потсети и на стотиците други деца и возрасни кои секојдневно се соочуваат со слични ситуации, но не на очиглед на јавноста.“ – велат од Центарот за современи уметности.

Акцијата „Допри ме“ја спроведpa неколкуммина активисти во центарот на Скопје, кои на своите тела носеа натписи „И јас имам Даунов синдром, те молам допри ме“.

„Се надеваме дека на тој начин оствариуваме директен контакт со граѓаните и  ќе ја сензибилизираме јавноста за овој проблем,  барем малку придонесувајќи кон зголемување на толеранцијата кон различните.“ – велат од Центарот за современи уметности.

На денешната акциија  која беше спроведена во центарот на Скопје во времетраење од неколку часа  од  околу 3000 минувачи кои поминаа во непосредна близина на активистите само  поразувачки 3% или нешто помалку од 100 луѓе остварија контакт односно ги допреа активистите.

По Скопје деновиве акцијата ќе биде спроведена и во уште неколку градови низ Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе