Економија Најважни

ЕВН бара од Владата шест месеци грејс период за долгот кон ЕСМ

ЕВН бара пролонгирање на рокот за плаќање на декемвриската и јануарската фактура кон ЕСМ за набавена струја за снабдување на домаќинствата. Викендов од ЕВН доставиле официјално барање до ЕСМ за одложено плаќање во траење од шест месеци за двете фактури кои според информациите на Телма тежат 32 милиони евра. Од ЕСМ пак, барањето е препратено до Владата, која ќе треба да пресече и доколку го прифати барањето да издвои нови сртедства од Буџетот за да ја пополни дупката која ќе се отвори во ЕСМ.

Според информациите на ТЕЛМА пари се потребни и во ЕСМ и во ЕВН бидејќи треба да се исплатат плати на вработените а во случајот со ЕВН и за исплата кон подизведувачи

Од ЕВН информираат дека во моментов се на граница на ликвидност и поради тоа побарале одложено плаќање и државна интервенција бидејќи трошоците се далеку поголеми од приходите. Според информациите на Телма дупката во финасиите се јавила поради повисоката цена која се плаќа кон ЕСМ како и набавката на струја од слободниот пазар за да се покријат кражбите и загубите во мрежата а веќе се искористени и сите можности за кредитирање од домашните банки што е нотирано и во барањето до Влада.

Бараме одложување на плаќањето поради нарушена ликвидност, бидејќи трошоците се поголеми од наплатата. Тоа практично значи дека ЕВН ги субвенционира корисниците, а со тоа креира огромни загуби. Се надеваме дека наскоро ќе се најде решение, велат од евн.

Засега нема најави дали од ЕВН ќе бараат пролонгирано плаќање и февруарската, мартовската и останатите фактури кон ЕСМ.

Од Владата потврдија дека е примено барањето на ЕВН, а според информациите на Телма ова прашање ќе се разгледува и денеска на состанокот економскиот совет и на утрешната владина седница.

ЕСМ и ЕВН склучија шесмесечен договор според кој ЕВН како универзален снабдувач ќе купи 1,8 милиони мегават часови струја од ЕСМ по цена од 41 евро за мегават час, за да ги покрие целукупните потреби на струја за домаќинствата и за таа цел треба да одводи над 75 милиони евра.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Излезност за Претседателски избори втор круг 31,96% до 15 часот- за цензус треба 40%

Дејан Дејан

Дел од Албанците не гласаат за претседател

Дејан Дејан

ДИК: Излезноста се зголемува, поголема заинтересираност за Парламентарни отколку за Претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе