Вести Магазин Свет

„Спејс-Икс“ на Илон Маск постави американски шпионски сателит во земјината орбита

Ракета „Фалкон 9“ на американската приватна компанија „Спејс-Икс“ вчера лансираше сателит во земјината орбита што ќе биде во служба на американските вселенски сили, соопшти Националната канцеларија за извидување (НРО) задолжена за изградба и управување со американската воена сателитска мрежа.

„Ракетата со сателитот ’НРОЛ-87‘ полета во 12.27 часот по локално време (21.27 часот по средноевропско време) од воената база ’Ванденберг‘ во Калифорнија, по што без тешкотии се врати во базата. Сателитот е дизајниран и конструиран од НРО, која управува со него како дел од својата вселенска извидувачка мисија“, соопшти воената агенција, без дополнителни подробности, повикувајќи се на „воена тајна“.

НРО е под надлежност на Пентагон и всушност го следи меѓународниот поморски сообраќај и комуникациите на американските конкуренти. Ова е прв лансиран сателит оваа година и 17-ти последниве две години. Тој е во служба на Командата на вселенските сили на САД со седиште во Лос Анџелес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе