Ковид19 Македонија

Апел до граѓаните да се вакцинираат од министерот за здравство и поглаварите на верските заедници

Граѓаните сериозно да ја сватат потребата од вакцинација и никој да не дозволи да биде поколебан во стрежемот за спасување на својот и на животите на останатите граѓани. Ова го кажа министерот за здравство Беким Сали, по денешната средба со поглаварите на МПЦ, исламската и еврејската  верска заедница и на Католичката црква, испраќајки заеднички апел за имунизација на населението и верниците.

Во време на пандемија, кога речиси секој од нас е погоден од вирусот. Кога дел од нас изгубивме и многу наши драги, најблиски, посакувам на овој заеднички начин да упатиме апел до секој граѓанин да ја свати сериозно потребата за вакцинација. Да одговори на нашиот повик за вакцинација и да не дозволат никој да ги поколеба, во стремежот за спасување на својот и на животот на луѓето околу нас од оваа чума, која веќе 2 години го менува начинот на нешeто живеење, рече министерот Сали.

Апели  до верниците за вакцинација и почитување на препораките за заштита од Ковид- 19, упатија и поглаварот на МПЦ и на исламската верска заедница. Тие кажаа дека и до сега преку соопштенија, посланија за верски празници и при петочните молитви во џамиите, повикувале на придржување до заштитните мерки.

ИВЗ од првите моменти донесе неколку одлуки , во рамките на одлуките на СЗО, во рамките на Министерството за здравство и во рамките на правилата на исламските регулативи.Така што од почетокот се реализирани сите можни организации во џамиите, рече поглаварот на ИВЗ Реис-Ул Улема Шаќир Фетаху.

Верници, членови на нашите цркви и верски заедници, да се придржуваат на мерките што институциите , задолжени за грижата за здравјето ги упатуваат веќе втора година. Зашто и овој пат ќе речам , подобро е нешто да го спречиме,отколку потоа да го лечиме, поглаварот на МПЦ г.г Стефан.

Иако беа запрашани од медиумите , поглаварите не кажаа конкретни бројки на имунизирани верници, а министерот за здравство демантира дека за две години нема протокол за лекување на болните од Ковид-19. Според Сали, протоколот што се применува, е изготвен од професори од Клиниката за инфективни болести.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меѓупартиски судир на наративи: ВМРО-ДПМНЕ слави, СДСМ предупредува за економски пад и одлив на инвестиции

Дејан Дејан

Денеска ќе се знае кој ќе биде кандидатит на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје

Дејан Дејан

Македонија добива републичка пожарна со пренаменети армиски и полициски возила

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе