Економија

Договорена заштита од дискриминација на македонските и бугарските инвеститори

Македонија и Бугарија се договориле од највисоко политичко ниво да ги штитат инвеститорите од двете земји од дискриминација. Ова како идеја произлегло денеска од привиот состанок работна група за економија, трговија и иновации, за чија цел ќе биде создаден механизам за транспарентност. Македонскиот министер за финансии, Фатмир Бесими, и бугарскиот за иновации и раст, Даниел Лорел, кои ко-претседаваа со состанокот информираа дека механизмот се прави превентивно, бидејќи во моментов не знаат дали постојат случаи на дискриминација на инвеститорите.

„Да илустрирам како би требало, како би сакал да работи овој механизам. Ако некоја бугарска компанија која сака да инвестира во Северна Македонија ако некоја локална власт го кочи издавањето на дозволата за градба тоа веднаш ќе се сигнализира до македонските власти и автоматски стига и до нас, до мене до вицепремиерот Битиќи или обратно, за потоа да го решаваме со најголема итност“, изјави Лорел.

Сепак ниту Бесими, ниту Лорел, не дадоа повеќе детали за тоа по кој модел, кому точно или на кој начин ќе функционира механизмот за алармирање доколку некој инвеститор се почуствува дискриминиран од локалните или од централните институции од двете срани на границата.

„Од средбата денеска произлезе идеја да се развие овој механизам. Да има механизам за транспранетност да нема евентуални дискриминации, на највисоко политико ниво ќе се информира ако некој инвеститор има проблем во однос на бирократијата, постапките“, рече Бесими.

Двајцата министри чија работна група е прва од четирите формирани меѓу двете земји која седна на заедничка маса да ги утрдува и реализира програмите и проектите од заеднички интерес, информираа дека до следната средба идниот месец ќе фокусираат на соработката на двете банки за равој, соработка на инвестициските фондовите, како и на Агенциите за помош на претриемништвото, но и на хармонизациија на економската регулатива и на програмите во земјоделието. Попладнево работната група оствари средба и со стопанските комори во змејава за да се слушнат и нивните потреби и со што се соочуваат на терен.

Инаку на првата средба на работната група за економија не присуствуваше бугарската министерката за економија, Корнелија Нинова, која, како што обајвија бугарските медиуми, не допатувала во Скопје револтирана од тоа што претседателот, Стево Пендаровски, ги примил на средба претставниците на македонското малцинство во Бугарија. Според Нинова, тоа претставувало провокација кон Бугарија поради што изнела став дека сега посетата на бугарската делагација на Македонија е понижувачка за националното достоинство на Бугарија.

Идната недела предвиден е состанок на работната група за инфраструктура, транспорт и поврзување, на која домаќин ќе биде бугарската страна.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

16 финансиски институции и банки сакаат да ја финансираат брзата пруга – условите се уште непознати

Дејан Дејан

Почнува изградбата на гасниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе