Вести Македонија

Видеото на ДУИ – обид за демант дека не се филијала на македонските партии?

Владата е стабилна, исто како и односите со ДУИ, тврдат од СДСМ, откако вчера Ахмети на фејсбук објави видео компилација од прес конференции на СДСМ  и на ВМРО-ДПМНЕ, во кои двете партии ги обвинуваат Интегративците за криминал и корупција.

Не сакаат да ја коментираат неговата најава за нова стратегија и обвинувањата дека двете партии со години се обидуваат да им нанесат штета на ДУИ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ му одговори на Ахмети со ново обвинување.

На ова реагираа од ДУИ, дека ВМРО ДПМНЕ се против Албанци на чело на државните институции и дека им пречи стратешката определба на ДУИ за градење добрососедски односи со земјите од регионот.

Ахмети обвини и дека, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се обидуваат да ги  користат ДУИ за остварување на нивни цели и во секојдневните партиски политики.

Најави нова стратегија на партијата но, аналитичарите сметаат дека се работи за нешто сосема друго.

Цел на Ахмети, вели Незири, е да се наметне како трет политички центар на моќ во државата, после СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, откако ДУИ во неколку наврати се покажаа како одлучувачки фактор за тоа, кој ќе формира влада.

Идејата, вели, му е да ја избрише етничката линија која ја дели политичката сцена на два етнички кампуса во кои се натпреваруваат по две партии. Односно, да се реформира и да стане трета политичка сила на една единствена сцена во државата, неподелена по етничка основа.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум пожари на отворен простор евидентирани во земјата – четири сè уште активни

Дејан Дејан

Јакимовски: Да воведеме и данок на купени дипломи и изгубени премиери?

Дејан Дејан

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе