Македонија Топ вести

Радев: Постапките и однесувањето на претседателот Пендаровски не придонесуваат за толку посакуваниот напредок на Македонија, за Пендаровски нема ништо спорно во средбата

Според претседателот на Бугарија, Румен Радев, посетата на премиерот Кирил Петков на Македонија беше избрзана.

Посетата на премиерот беше избрзана, имав искрени разговори со него, рече претседателот Радев во одговор на прашање. За бугарската дипломатија е важно целосно да го реализира својот професионален капацитет, да не верува на надворешната експертиза, невладините организации и да не подлегнува на надворешниот притисок, рече шефот на бугарската држава.

Секоја избрзана акција на бугарската влада, секој позитивен прелиминарен сигнал може погрешно да се протолкува како некакви отстапки од бугарска страна, изјави Румен Радев.

Запрашан за средбата на претседателот Стево Пендаровски со ОМО Илинден, Румен Радев рече дека за жал постапките и однесувањето на претседателот на Република Северна Македонија не придонесуваат за толку посакуваниот напредок на РСМ кон ЕУ. Секое барање за реципроцитет во граѓанските права е контрапродуктивно. Македонските Бугари се борат за еднаквост, која ќе биде загарантирана во нивниот устав со регистрирање. Тие се борат за нивна целосна интеграција во јавниот живот на државата, рече претседателот Радев. Тоа е радикално различно од сепаратистичките ставови и малцинските тврдења што ги исповедува народот со кој се среќава претседателот Пендаровски, рече шефот на државата.

Претседателот Стево Пендаровски смета дека нема аргументи за реакција од бугарска страна по неговата средба со здруженија на Македонците од Бугарија, затоа што, како што нагласи и од соопштението и од изјавите по средбата, можело да се заклучи дека во разговорите немало ништо што оди против Договорот од 2017 година.

Ако некому смета самата средба на претседател на државата со Македонци кои живеат било каде во светот, нагласи Пендаровски, тоа не е мој, не е наш проблем. Тој потенцира дека ги сослушал Македонците од Бугарија и ги упатил дека остварувањето на нивните права може да го направат само во рамки на државата во која живеат или преку меѓународните судови.

По средбата јас дадов и јавно соопштение, практично и коментар на тоа соопштение. Морам да ви кажам дека ме изненади затоа што во тоа соопштение (од Софија) освен констатација, немаше супстрат, немаше аргумент. Дали некому воопшто пречи самата средба затоа што од соопштенијата кои јас ги дадов, изјавите кои ги имавме јас и луѓето кои беа кај мене на средба произлегува за што сме зборувале и таму нема апсолутно ништо спорно, ниту една точка и запирка од изјавеното од моја и од страна на моите соговорници, не оди контра Договорот од 2017 година. Ако некому му пречи самата средба на претседателот на Република Северна Македонија со Македонци каде било од светот, тоа е друга работа и тоа не е мој проблем и не би требало да биде наш проблем, изјави Пендаровски во одговор на новинарско прашање по завршување на седницата на Советот за безбедност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе