По едномесечниот, продолжен зимски распуст, околу 255 илјади ученици денеска се враќаат во училишните клупи за второто полугодие. Поради влошената епидемилошката состојба наставата не почна на 20 јануари.
Комисијата за заразни болести треба денеска да заседава и да одлучи како ке го спорведува најавениот скрининг на децата. Комисијата според министерто за здравство се реформатира, со тоа што и се приклучуваат и други членови. Оваа иницијатива ја презеде министерот за здравство, Беким Сали кој на Фејсбук ги покани да станат дел од Комисијата за зарзни, докторите Пановски, Даниловски и Вело Марковски кои се активни изминативе две години во пандемијата и помагаат со своите совети. Нема прецизна бројка колку членови ќе брои комисијата, но според министерот Сали важен е квалитетот на составот, а на комисијата рече дека ќе и се приклучат и албански претставници.
Во меѓуврме, надлежните од МЗ и од ИЈЗ го зачистија списокот со бројот на активни случаи. Според најновиот извештај на ИЈЗ, регистрирани сe 7.170 оздравени пациенти. Тоа значи дека повеќе од третина вчерашни активни случаи се прогласени за оздравени.
Вчера имаше 20.109 активни случаи, а денеска бројот на пациенти заразени со корона изнесува 13.628. Повеќе од половината активни случаи односно над 7 илјади се во Скопје. Според ИЈЗ факторот на пренесување, според последните проценки изнесува 1.00 односно еден заразен може да зарази уште еден пациент. Намалувањето на бројките активни случаи следува откако среде масовниот омикрон бран, здравствените власти одлучија да ги променат роковите за изолација. Сега наместо десет дена, изолацијата на пациенти без симптоми трае 7 дена. Ова намалување на бројот активни случаи е второ најголемо откако и минатата недела за едно деноноќие беа регистрирани над 7.200 оздравени пациенти.