Вести Свет

Британскиот премиер Борис Џонсон во посета на Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе ја посети Украина како дел од дипломатските напори за одвраќање на можна руска инвазија на земјата.

Како што пренесуваат странските агенции, Џонсон ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за десетиците илјади руски војници собрани во близина на украинската граница, за кои Западот стравува дека се подготвуваат да ги нападнат.

Според соопштението од Кабинетот на британскиот премиер, тој со Зеленски ќе разговара за стратешката поддршка што Британија може да и ја понуди на Украина.

Соединетите Американски Држави, ЕУ и Велика Британија велат дека Русија има способност да дејствува против Украина, а Џонсон предупреди на катастрофа доколку Москва го стори тоа.

„Ја повикуваме Русија да се повлече и да се вклучи во дијалог со цел да се најде дипломатско решение и да се избегне понатамошно крвопролевање. Право на секој Украинец е да определи како ќе биде управуван. Како пријател и демократски партнер, Британија ќе продолжи да го поддржува суверенитетот на Украина над оние кои сакаат да ја уништат“, рече Џонсон пред неговото пристигнување во Украина.

Велика Британија во понеделникот соопшти дека секоја руска акција против Украина ќе предизвика санкции без преседан против руските компании и луѓето тесно поврзани со Кремљ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе