Христијан Мицковски ги предложи, централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за час ги избра. Тимчо Муцунски актуелниот градоначланик на општина Аеродром и поранешната заменичка од финансии во техничката влада Гордана Димитриевска- Кочовска се новите двајца потпретседатели, покрај досегашните Александар Николовски и Владо Мисајаловски.
Шеф на кабинетот на Мицковски, на негово барање ќе биде Владимир Неловски, поранешен директор, советник во Град Скопје и член на извршниот комитет партиско тело кое вечерва претрпи најголеми измени, но и проширување.
Се водел по потребите на државата и освен докажани професионалци Мицковски дал шанса и на нови луѓе. Луке Галевски шефот на центарот за комуникации на ВМРО – ДПМНЕ, Марија Митева партиската портпаролка, актерот Зоран Љутков и детскиот хирург Ристо Симеонов го пополнуваат извршниот комитет.
Освен партиски функции добиваат и цели и задачи. Победа на следни избори очекува лидерот од новиот екипиран Извршен комитет.
Довербата кај лидерот Мицковски ја задржуваат досегашните членови на ИК: Антонијо Милошоски, Трајко Славевски, Драган Ковачки, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, а место држат и претседателот на младите на партијата, и неколкумина парламентарци.
Тимот стратешки соработници за кој Мицквоски најави дека ќе го проширува ќе има сериозен државнички капацитет.
Павле Беловски