Останато Спорт

Македонските олимпијци се сместија во Пекинг пред почетокот на ЗОИ 2022

Македонската делегација утринава пристигна во Пекинг за претстојните Олимписки игри. Нашата држава ќе има тројца претставници на собирот на најдобрите светски спортисти.

По направените редовни тестови за Ковид-19, нашите натпреварувачи и нивните тренери денеска се сместени во хотел. Сите се негативни на вирусот, а според строгите протоколи на Интернационалниот олмиписки комитет, спортистите ќе бидат тестирани секојдневно додека трае нивниот престој во Пекинг.

Отворањето на Игрите е закажано во петок на  4.февруари. Прва во Пекинг ќе настапи Ана Цветановска на 5-ти и 10-ти февруари и ќе се натпреварува во крос кантри во дисциплините 7,5 км слободно, плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично.

Во крос кантри ќе настапи и Ставре Јада и тоа во две дисциплини, спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно на 8. и 19.февруари. Во алпско скијање наш претставник е Дардан Дехари, кој ќе се натпреварува во слалом и велеслалом на 13. и 16.февруари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе