Вести Економија Македонија Топ вести

Котески: Државата да се насочи кон сопствено производство на струја за да се намали цената на електричната енергија

Државата да се насочи кон сопствено производство на струја за да се намали цената на електричната енергија сметаат експертите. Само со носење на владини одлуки нема да се реши енергетската криза од која не избега и  нашата земја. А потребна е и промена на правилниците за работа во делот на енергетиката кои не се променети повеќе од 50 години.

„Еден од клучните проблеми е балансирањето на електричната енергија, акумулацијата на електричната енергија која се произведува со обновливи извори на енергија, намалување и подобрување на административните пречки во однос на администрацијата која што ги сервисира овие енергетски проблеми и пред се регулативата” – вели Благојче Котески, магистер по енергетско машинство.

Со глобалната енергетска криза, земјите повторно се свртеа кон изворите на фосилни горива. И додека светот се обидува да ја надмине енергетската криза, од друга страна, се обидува да ги постигне своите цели за зелена трансформација на ова поле.

Котески смета дека за намалување на цените за енергија, државата повеќе треба да се насочи кон сопствено производство на енергија преку поставување на фотоволтаични централи на крововите на домаќинствата.

Со растот на населението, урбанизацијата и индустријализацијата, потребата за енергија се зголемува. Сепак, енергетската криза ги враќа фосилните горива на прв план, а енергетските грижи негативно влијаат на еколошките цели.

Анализите од страна на експертите изложени во Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, покажуваат дека за енергетската транзиција на Северна Македонија, неопходни се скоро 800 до 900 милиони евра годишно.

Мартин Николовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

До 10 милиони евра загуба од реформската агенда

Дејан Дејан

Мицкоски размислува за данок за немажени и неженети – невладините препознаваат голема дискриминација и репресија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе