Вести Македонија Топ вести

ССМ на средба со министерката Тренечевска за зголемување на минималната плата на 18.000 денари

Трудот на работниците мора да се почитува, особено во делот на унапредувањето на работничкиот статус и квалитетот на живеење во услови на економска и здравствена криза. Затоа Владата преку дијалог со работниците и работодавачите ќе ја зголеми минималната плата на 18.000 денари а до крајот на мандатот на 20.000 денари, вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Таа во интервју за утринската програма на МРТВ појаснува дека денеска заедно со претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија ќе има состанок кај вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Ќе разговараме за минималната плата и за дијалогот кој ќе  го продолжиме понатаму во Економско социјалниот совет за да изнајдеме најдобро решение прифатливо за сите, рече министерката Тренчевска во интервјуто.

Министерката информира дека инспекциските служби будно ја следат имплементацијата на Законот за работни односи и на Законот за трговија во врска со законското решение недела да биде неработен ден со кој 92 отсто од работниците нема да работат. Тренчевска посочува и дека од почетокот на годината се извршени 163 инспекциски надзори, при што, се констатирани 34 неправилности за кои се изречени инспекциски мерки. Од нив, 29 се решенија за опомена согласно Законот за работни односи а  5 се за забрана согласно Законот за трговија.

-Сите податоци од извршените инспекциски надзори јавно се објавени на страницата на Државниот инспекторат за труд. Наскоро очекувам да биде објавена и листата на работодавачи кои што доставиле известување, согласно Законот за работни односи, од обврската пријава дека ќе работат во недела. Така сите заинтересирани граѓани и медиуми можат да следат кои работодавачи ќе работат во недела. Ако видат дека некој нема пријава за работа во недела ќе може да ја пријават неправилноста, рече министерката Тренчевска.

Според неа, праксата ќе покаже какви се ефектите од имплементацијата на недела неработен ден, бидејќи на терен Законот за недела неработен ден се спроведува само еден месец. Со дополнителни анализи ќе се утврдува дали целта е постигната.

Со новото законско решение 8 отсто од работниците кои работат во техничко – технолошкиот процес кој не може да биде прекинат во недела, ќе добиваат 50 отсто повисока дневница и дополнително еден слободен ден во текот на наредната недела.

Тренчевска информираше дека Министерството за труд и социјална политика од отворањето на градинките во септември 2020 година до денес, будно ја следи состојбата во врска со пандемијата предизвикана од Ковид 19 и дека процентот на вакцинирани вработени во детските установи е висок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе