Спорт Фудбал

Мароко и Египет за полуфинале на АФКОН

Денеска ќе бидат познати полуфиналните двојки на Купот на африкански нации во фудбал. Место меѓу четирите најдобри на турнирот веќе обезбедија домаќинот Камерун и Буркина Фасо.

Триесеттиот меѓусебен дуел на вечните ривали Египет и Мароко ќе решава која од овие две селекции ќе влезе меѓу четирите најдобри на турнирот. Египет по лошиот старт го има потешкиот пат до самата завршница.

По елиминацијата на Брегот на Слоновата коска ги очекува соочување со Мароко, а при евентуален триумф и меч со домаќинот Камерун. Селекцијата предводена од Мохамед Салах на континентален трофеј чека 12 години и верува дека сега е вистинското време за подобрување на рекордот и поставување на осмиот пехар во колекцијата.

Мароко само еднаш бил на тронот и тоа далечната 1976-тата, но сега генерацијата предводена од Ашраф Хакими смета дека може да се врати на самиот врв.

Традицијата е на страната на Мароканците, кои во своја полза ги решиле трите од последните шест елиминациски дуели, а во вкупниот скор од 29 меѓусебни соочувања имаат 14 победи, само три порази и дури 12 дуели завршиле нерешено. Во второто четврт-финале денеска ќе се сретнат селекциите на Сенегал и сензацијата Екваторијална Гвинеја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе