Како се зголемува бројот на пристигнати спортисти кои ќе бидат дел од Олимписките игри во Пекинг, расте и бројката на регистрирани позитивни случаи на инфекција со корона вирусот.
Во последниот извештај на организаторите објавено е дека при тестирањето на аеродромот во кинеската престолнина забележани се нови 34 позитивни резултати од кои 23 се спортисти, а 11 членови на помошниот персонал на делегациите.
Од почетокот на пристигнувањето на натпреварувачите регистрирани се вкупно 139 позитивни и сите се сместени во изолација која ќе може да ја напуштат во моментот кога ќе имаат два негативни резултати во рамки на 24 часа.