Вести Македонија Топ вести

Увид на пожарот во Тетово- Касами најавува помош за настраданите

Општина Тетово ќе помогне на граѓаните кои претрпеа штета во пожарот во населбата Колтук, најави градоначалникот Биљал Касами кој синоќа беше на местото на настанот за да види каква е ситуацијата по гаснењето на огнот.

– Загрижен од пожарот кој зафати неколку куќи во населбата Колтук, затоа веднаш излегов на лице место за да ја увидам ситуацијата. За среќа нема повредени, а станува збор само за материјална штета. Сакам да се заблагодарам на Територијалната противпожарна единица која навреме интервенираше и го локализираше пожарот без поголеми последици. Наскоро ќе им помогнеме на граѓаните кои настрадаа од овој пожар, објави градоначалникот Касами.

Полицијата синоќа соопшти дека сопственикот на куќата во која избувнал пожарот, И.С (50) добил изгореници.

Дел од жителите на Колтук по пожарот споделија што се случувало вчера. Така, Ангела Андоновска до редакцијата на МИА напиша дека сопственикот на куќата додека траел пожарот бил се уште внатре и бил спасуван од негов сосед.

– Херој! Во страшниот пожар кој изби во Тетово, по кобни поминати часови слушајќи плач и вресоци, јавно сакам нешто да се истакне. Ќе зборувам за храброст. За спасител кој изговори: „Или двајцата ќе излеземе, или никој!” и спаси еден живот. Момче од 25 години, чиј живот допрва доаѓа рипна во бесниот оган и го спаси човекот. Станува збор за лице М.М кој живее во соседството на лицето чија куќа беше пламносана. Заслужува да се спомне и величи зашто дур мајка му ридаше дека жив ќе изгори, тој само мислеше на жртвата, посочи Андоновска.

Од СВР Тетово денес соопштија дека во текот на денот ќе се врши увид на местото на пожарот за да се утврдат причините. Пожарот кој започна синоќа околу 19 часот беше целосно изгаснат во 22 часот и 10 минути.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Експлозија на бензинска пумпа во Рим, повредени полицајци и пожарникари

Дејан Дејан

Лагард: Посилен единствен пазар на ЕУ за борба против царините

Дејан Дејан

МЗ: Активирана фаза 3 од Акцискиот план за топлотни бранови од 4 до 8 јули

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе