Околу 70 милиони Американци се погодени од „историска“ снежна бура во североисточниот дел на САД денеска каде силниот ветер го запре сообраќајот и уби возач на автомобил во северниот дел на Њујорк.
Во Њујорк има дваесетина сантиметри снег, а низ улиците дува невообичаено силен ветер. Во сојузните држави Њујорк и Њу Џерси е прогласена вонредна состојба, а гувернерката на Њујорк Кети Хочул ги повика жителите да не излегуваат без потребанепотребно и да ги полнат резервоарите на автомобилите со гориво и да обезбедат залихи со вода и ќебиња. На северот на метрополата Њујорк, на Лонг Ајленд, веќе има 25 сантиметри снег.
Регионалните железнички линии беа делумно отсечени, а една жена беше пронајдена мртва во нејзиниот автомобил, објавија локалните медиуми.
Националната метеоролошка служба најави удари на ветер од 80 до 120 км/ч и предупреди на „речиси невозможни сообраќајни услови“ во североисточниот дел на САД како и на претстојни поларни температури наредните денови.
Северно од Њујорк, невремето веќе удри, помали бродови замрзнаа во заливите во државата Род Ајланд, додека во Бостон Масачусетс целиот град е покриен со подмрзнат снег поради што сообраќајот е речиси парализиран.
.@GovDanMcKee joined FOX Weather to give an update on the winter storm in Rhode Island.
There is a state travel ban until 8pm ET. #Noreaster2022 https://t.co/H4HV6wJAdg pic.twitter.com/E8NxPWqrb4
— FOX Weather (@foxweather) January 29, 2022