Вести Ковид19 Македонија Топ вести

24 починати од ковид за едно деноноќие, уште 246-мина по вторпат се заразиле со корона

Во последните 24 часа направени се 6.647 тестови, а регистрирани се 1.837 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 890
• Битола – 104
• Кавадарци – 95
• Куманово – 81
• Тетово – 68
• Прилеп и Струмица – по 60
• Гостивар – 45
• Неготино – 42
• Велес – 40
• Радовиш – 36
• Штип и Гевгелија – по 32
• Охрид – 31
• Кичево и Кочани – по 29
• Ресен – 22
• Струга и Делчево – по 21
• Крива Паланка – 17
• Свети Николе – 16
• Богданци – 15
• Валандово – 13
• Македоснки Брод – 7
• Пробиштип и Кратово – по 6
• Виница – 4
• Берово, Крушево и Македонска Каменица – по 3
• Демир Капија и Пехчево – по 2
• Демир Хисар и Дојран – по 1
Процентот на позитивни од тестирани изнесува 27,64%. Од вкупниот број на позитивни (1.837), регистрирани се 246 реинфекции односно по вторпат од корона заболеле 13,4 % од вкупниот број нови позитивни случаи.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 24 починати лица: 7 починати лица од Скопје (61г, 67г, 67г, 72г, 82г, 83г и 83г), 4 починати од Куманово (69г, 75г, 80г и 90г), 3 починати лица од Струмица (66г, 71г и 78г), по 2 починати лица од Охрид ( 48г и 69г ) и Кочани (78г и 82г) и по едно починато лице од Прилеп (66г), Битола (81г), Велес (73г), Штип (69г), Свети Николе (72г) и Пробиштип (80г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.
Од вкупниот број на починати лица (n=24), девет лица се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од:
• Берово – 26
• Скопје – 22
• Кочани – 13
• Пехчево – 12
• Тетово – 6
• Битола, Струмица, Кичево, Гевгелија, Кратово и Крушево – по1
Направени се 6.647 тестови преку: ИЈЗ-454, ЦЈЗ Скопје-93, ЦЈЗ Битола-116, ЦЈЗ Прилеп-53, ЦЈЗ Тетово–12, ЦЈЗ Куманово-98, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-148, Авицена-280, Биотек-327, Систина-106, лабораторија Лаор-272, Синлаб-55, Ремедика-17, Плодност-77, Генеа-28, Никоб Лаб-723, ВФВ Медикал-158, Ели Медика-75, Ројал Медика–48, Спектра-ММ-27, Рапид Лаб–38, Жан Митрев Струмица–28, Нова Лаб Дијагностика–35, Рамус-41, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.180.
Досега во земјата се направени вкупно 1.779.972 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 266.937, бројот на оздравени пациенти е 239.666, на починати е 8.362, а бројот на активни случаи изнесува 18.909.
Здравство убедено дека капацитетите се доволни за моменталната состојба.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе