Тројна победа на швајцарските скијачки на спустот што се возеше на патеката во Гармиш Партенкирхен.
Најдобро постигнување имаше Корин Зутер која на целта стигна со време од 1 минута 40 секунди и 74 стотинки и за 51 стоти дела беше побрза од Јасмин Флури додека трета беше Корнелија Хетер со заостанување од 78 стотинки.
По шест одржани трки во редоследот за спуст на чело е Софија Гоџа со 400 бода, втора е денешната победничка Зутер со 331, а на третата позиција со 278 е Австријката, Рамона Зибенхофер.
Во генералниот пласман за Светскиот куп лидер е Микаела Шифрин со 1026 бода, 17 повеќе од Петра Влхова, а трета е Гоџа со 769.
Утре на програмата е трката во супервелеслалом по што најдобрите скијачки заминуваат за Пекинг и ќе настапат на Зимските олимписки игри.