Вести Ковид19 Свет

Во Австралија за еден ден умреле 100 луѓе од ковид

Австралија регистрира околу 100 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, што е најголем број смртни случаи од болеста од почетокот на пандемијата, но бројот на хоспитализирани опаѓа, па се очекува ситуацијата да се смири.

По брзото ширење на варијантата омикрон, Австралија забележа голем пораст на бројот на заразени луѓе, околу два милиони случаи во последните четири недели.

Пред ширењето на варијантата омикрон, Австралија имаше само 400.000 луѓе заразени со Ковид-19 на 25 милиони жители.

Сепак, иако бројот на заразени е зголемен, стапките на хоспитализација се стабилни во последните неколку дена, односно бројот на хоспитализирани опаѓа трет ден по ред, па тамошните служби се надеваат дека најлошото е зад нив.

Бројот на хоспитализирани се движеше околу 5.000 во последните неколку дена, освен вторникот, кога го достигна врвот на речиси 5.400.

„Генерално, ситуацијата е стабилна… Очекуваме дополнителен пад на бројот на хоспитализирани“, рече на прес-конференција шефот за здравство во Квинсленд, Џон Џерард.

Во таа држава трет ден по ред опаѓа бројот на хоспитализирани за ковид-19, а сега во болница се околу 800 лица.

Но, Џерард предупреди дека пандемијата не е завршена.

„Сè уште не излегувајте да славите, но вестите се добри засега“, рече тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе