Вести Свет

САД: Северен тек 2 нема да започне ако Русија ја нападне Украина

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс изјави дека гасоводот Северен тек 2 меѓу Русија и Германија нема да напредува доколку Русија ја нападне Украина.

„Сакам да бидам многу јасен: ако Русија ја нападне Украина на еден или друг начин, Северен тек 2 нема да оди напред“, рече Прајс.

„Нема да навлегувам во детали. Ќе работиме со Германија за да се осигураме дека таа нема да оди напред“, додаде тој.

Најделив енергетски проект во Европа, Северен тек 2, е дизајниран да ја удвои количината на гас од Русија директно до Германија, заобиколувајќи ја традиционалната транзитна држава Украина.

Проектот се соочува со отпор во Европската унија, САД, како и Украина, бидејќи ја зголемува енергетската зависност на Европа од Русија и ги негира украинските транзитни такси.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе