Македонија Топ вести

Телма ги објавува дипломатските ноти депонирани во ООН од Македонија и Бугарија за употребата на името

Ова се нотите кои Mакедонија и Бугарија ги испратија до Обединетите нации, до кои дојде Телма, а во кои се разјаснува употребата на краткото и долгото име на државата.

Македонската мисија во Обединетите нации, ја достави нотата на 17-ти јануари, еден ден пред посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков во Македонија. Во неа пишува дека краткото и долгото име се еднакво валидни и дека никогаш не имплицирале и нема да имплицираат територијални претензии кон било која соседна држава. Се додава и дека и долгото и краткото име ќе бидат во употреба како имиња на суверена држава.

Бугарската нота до Обединетите нации е депонирана на 18-ти јануари, практично истиот ден кога бугарскиот премиер беше во Скопје и во неа се поздравува македонската нота. Бугарија во нотата потврдува дека ја добива вербалната нота и дека со неа ја прифаќаат употребата на долгото и краткото име, Република Северна Македонија и Северна Македонија како еднакви.

Бугарија, претходно ја спореше употребата на краткото име, Северна Македонија, со објаснување дека станува збор за поширок географски регион.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗ: Активирана фаза 3 од Акцискиот план за топлотни бранови од 4 до 8 јули

Дејан Дејан

Почнува со работа „One Stop“ системот на граничниот премин Табановце

Дејан Дејан

Македонски државјанин со возило излета кај Хоргош во Србија, има загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе