Вести Македонија Топ вести

Основниот кривичен суд одреди притвор за 21-годишниот скопјанец кој прегази човек во Ново Лисиче

Скопскиот Кривичен суд денеска му одреди притвор во траење од 30 дена на 21-годишниот скопјанец Т.М., кој вчера на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Скопје предизвика сообраќајка со смртни последици.

– Ја информираме јавноста дека осомничениот Т.М. беше спроведен пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, кој по произнесување на осомничениот и обвинителот во однос на предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена, заради постоење на основите од член 165 став 1 точки 1, 2 и 3, односно „опасност од бегство“, „влијание на сведоци“ и „попречување на истрагата“, како и можност да го повтори делото, соопштија од Кривичниот суд Скопје.

Според описот на Јавното обвинителство, околу полноќ меѓу 25 и 26 јануари, осомничениот управувал автомобил „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Скопје во насока од запад кон исток. Притоа тој не се придржувал кон сообраќајните прописи, односно автомобилот се движел со брзина поголема од 50 километри на час, колку што е максимално дозволена во населено место, и го управувал возилото под дејство на алкохол со концентрација од 0,57 промили алкохол во крвта.

– Кога се приближил до крстосницата со сервисна улица што води кон трговскиот центар „Лиса“, тој навлегол во крстосницата на вклучено црвено светло кое означувало забрана за минување во неговиот правец на движење. Со предниот дел на возилото осомничениот удрил во страничниот лев дел на автомобил „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски ознаки, кој се движел од сервисната улица кон булеварот, се наведува во соопштението.

При несреќата, возачот на „Полото“ се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место, а неговата 15-годишна ќерка, сопатничка во автомобилот, се здобила со тешки телесни повреди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Експлозија на бензинска пумпа во Рим, повредени полицајци и пожарникари

Дејан Дејан

Лагард: Посилен единствен пазар на ЕУ за борба против царините

Дејан Дејан

МЗ: Активирана фаза 3 од Акцискиот план за топлотни бранови од 4 до 8 јули

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе