Во вечерашната Топ Тема на Телма дебатираат Дарко Каевски од СДСМ и Стефан Андоновски од ВМРО – ДПМНЕ. Тие имаат дијаметрално спротивни ставови во однос на отворањето на Уставот, кое Бугарија го бара од Сверна Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ бара да не се осстапува од црвените линии утврдени во Собранието, за СДСМ не е проблем македонските Бугари да бидат вклучени во Уставот.
Додека Каевски смета дека од тоа е одлика на демократските држави и дека од тоа полза ќе имаат и граѓаните од другите националности кои живеат во земјава, Андоновски дециден дека мора да ги браниме македонските национални интереси.
„Можност која што ќе се даде со отворањето на Уставот не е само кон граѓаните кои живеат во Северна Македонија, туку и кон останатите Црногорците, Хрватите. Како што се предвидува во сите демократски држави, сите националности да влезат, некои држави тоа не го предвидуваат. Таков за жал е случајот и со Република Бугарија и со Грција и со Франција… Пред се јас сум оптимист дека во наредните шест месеци преку работата на групите кои што се формирани дека ќе се решат и отворените прашања и час поскоро ќе се затвореи целиот процес и дека ќе ја добиеме таа долгоочекувана деблокада од Република Бугарија“, рече Дарко Каевски СДСМ.
„Се додека е СДСМ на власт ние европска иднина во Македонија нема да доживееме. И погрешно е од ВМРО – ДПМНЕ да се бара да се обединува со партија чиишто најголеми експоненти од енергетската и од здравствената криза сакаат да печалат и да прават криминал и да ти товараат, народски кажано, своите „магариња“. Заедништво под тие основи не може да име затоа што заедништиво со криминалци ќе ве направи и вас криминалец. Едноставна е состојбата. Мораме да ги браниме македонските национални интереси, а тоа не може да се прави затсктиено, не може да се прави понизно кон надвор пред завесата а позади завесата да можат да крадат“, истакна Стефан Андоновски од ВМРО – ДПМНЕ.