Во претпладневните часови се случил голем дефект на главната водоводна цевка на улицата Октомвриска револуција во Куманово, дефектот ги остави жителите на овој кварт без вода. Надлежните апелираат до граѓаните да си обезбедат вода ,бидејќи дефектот е голем, а санацијата може да потрае.
Директорот на Ј.П. Водовод од Куманово, Оливер Стојмановски вели дека водата е затворена , а екипите се на терен.
-Од почетокот на Октомвриска револуција до реонското пазарче, граѓаните во наредните часови ќе бидат без водоснабдување, а до кога не можеме да кажеме. Дефектот е голем и се работи за главна цевка. Состојбата е вонредна и ангажирани се сите капацитети и екипи. Теренот ќе се работи рачно затоа што тука поминуваат многу кабли. По една сообраќајна лента ќе биде затворена од двете страни на булеварот, а полицијата е веќе известена и ќе реагира за регулирање на сообраќајот.
Стојмановски вели дека е обезбедена сол за да се спречи замрзнување на коловозот.